Image22 Окт 2026

Пуштена во употреба редизајнираната веб страница на Адинг Тсци

Нашиот редизајниран веб-сајт за технологии и решенија за цементната индустрија е пуштен во употреба: https://adingtsci.com/

Страницата ги презентира нашите формулации и технологии во областа на додатоците за мелење, резултатите и искуствата од соработката со производителите на цемент. 

Што ќе најдете на страницата:

  • Методи за зголемување на капацитетот на мелниците / намалување на потрошувачката на енергија
  • Податоци за подобрување на раните и крајните јакости (во согласност со EN стандардите)
  • Структуриран процес во 5 чекори за реализација на лабораториски и индустриски проби
  • Директен пристап до технички прашалници за изработка на прилагодени формулации

Разгледајте и побарајте консултација за индустриска проба од нашите тимови.