Image20 Ное 2026

„МАЛИТЕ УМЕТНИЦИ НА АДИНГ СО ГОЛЕМИ ПОРАКИ ЗА НАШАТА ПЛАНЕТА“

По повод Светскиот ден на детето, децата на нашите вработени уште еднаш ја покажаа својата безгранична имагинација во рамки на интерниот конкурс „Најдобар цртеж од децата на нашите вработени“. Овогодишната тема „МОЈАТА ПЛАНЕТА, МОЈ ДОМ“ ги инспирираше најмладите преку бои и цртежи да ја пренесат својата визија за почиста и поубава Земја.

Ни пристигнаа бројни оригинални трудови, а тричлената комисија имаше тешка задача да ги избере победниците во двете возрасни категории – до 8 години и од 9 до 14 години.

За шесте најдобри автори обезбедивме дипломи и парични награди како поддршка за нивните воншколски активности, додека сите останати мали уметници ги наградивме со благодарници и сетови за ликовно творење, како поттик да продолжат и понатаму да го развиваат својот талент.

Оваа убава традиција за нас претставува многу повеќе од натпревар, таа е можност да ја поттикнеме креативноста кај најмладите и да го запознаеме светот низ нивните очи. Нивните цртежи нè потсетуваат дека грижата за планетата започнува уште од најрана возраст, со мали, но важни чекори.

Благодарност до сите наши мали уметници за нивната креативност, труд и прекрасните пораки што ни ги пренесоа преку своите цртежи!