Image6 Мај 2022

УЧЕСТВО И СТРУЧНИ ПРЕЗЕНТАЦИИ НА АДИНГ НА СИМПОЗИУМОТ НА „ДГКМ“

Од 27. до 30. Април, 2022 година во Охрид, се одржа “19. Симпозиум на Друштвото на градежни конструктори на Македонија (ДГКМ 2022)” под мотото „Еврокодови - Порта кон Европа“.

Темите кои беа застапени на симпозиумот беа:

  • Теориски и експериментални анализи на конструкции;

  • Современи методи за проектирање на конструкции;

  • Современи техники за изведба на конструкции;

  • Следење на состојбата и однесувањето на конструкциите;

  • Одржување, санација, зајакнување и реконструкција на објектите;

  • Доверливост и трајност на конструкциите;

  • Современи материјали и технологии, предуслов за одржлив развој;

  • Инфраструктурни објекти.

АДИНГ е традиционален поддржувач на овој настан и во рамките на симпозиумот имаше три презентации, од кои на две беа презентирани научни трудови на тема:

„Својства на самовградлив бетон со летачка пепел“ презентиран од Ивица Стоиловски, Раководител на Централна Лабораторија - Адинг.

Проценка на состојба, анализа, димензионирање и мерки за санација на постоен армиранобетонски аквадукт согласно еврокодови“ презентиран од Христијан Грујоски, Самостоен инженер за техничка примена и продажба во Адинг.

Двата труда може да ги погледнете и во делот Публикации на нашата веб страна.

Третата презентација беше поврзана со актуелната тема за глобалното затоплување и потребата за намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата. Насловена како „Глобални трендови во цементната индустрија со цел намалување на емисијата на CO2 во атмосферата“ беше презентирана од инж.Никола Узунов, Водечки менаџер за техничка примена и продажба.