21 Фев 2009
Средба на дистрибутери во Р. Бугарија
Адинг АД, Скопје организираше работна средба за своите дистрибутери од Р.Бугарија во периодот од 05.02 до 07.02 во хотел „Гранит” – Охрид. Во првата фаза од работниот дел беше разгледана состојбата со пласманот и реализацијата на планот за 2008 година. Потоа беше подетално анализиран усвоениот план за 2009 година и можностите за негова целосна реализација. Во останатиот дел од средбата, гостите го разгледаа градот Охрид и дел од неговото културно наследство, а потоа беа гости и во фабриката на компанијата во Скопје.
Дел од атмосферата низ фотографиитука