Image16 Фев 2009

Средба на Адингови дистрибутери од странските пазари

Во периодот од 12.11. до 14.11. 2008 година во хотел „Гранит” – Охрид, се одржа традиционалната „Средба на Адингови дистрибутери од странските пазари“. Гостите и домаќините од Р. Македонија, во работниот дел од оваа средба ја разгледа состојбата со пласманот и примената на Адинговите производи, реализацијата на планот за 2008 година, планираната реализација за идната година и планот за 2009 година. Се направи и анализа за пласманот по пазари поединечно, проблемите и потешкотиите во пласманот и го разгледаа планот за развој на нови производи.

Во неофицијалниот дел од средбата, гостите имаа можност за подобро запознавање на градот Охрид и неговата околина.