Сертификат за акредитација на Централна лабораторија Адинг (ЦЛА)
На ден 16.09.2015 година, Централната лабораторија Адинг (ЦЛА), се здоби со Сертификат за акредитација бр. ЛТ-055. Со овој сертификат се потврдува дека лабораторијата ги исполнува барањата на стандардот МКС EN ISO/IEC17025:2006.
Централна лабораторија Адинг е лабораторија акредитирана за 20 методи на испитување од областа на цемент, агрегат, бетон и малтер за ѕидање. Акредитацијата е извршена од страна на Институтот за кредитација на Р. Македонија, кој што е потписник на ЕА MLA договорот кој што претставува Мултилатерален договор за меѓусебно признавање на еквивалентноста на системот за акредитација (EA MLA) со Европската организација за акредитација (ЕА). Со ова се верификува валидноста на резулатите од испитувањата издадени од ЦЛА, со што, истата има овластување да врши услуги од горе наведените области и за надворешни лица.
За да се оствари сето ова беа потребни 2 години, во кои што лабораторијата интензивно работеше на имплементацијата на системот пропишан во стандардот МКС EN ISO/IEC17025:2006. Паралелно со имплементацијата на системот беше инвестирано во повеќе аспекти и тоа: изградба на нова лабораторија, набавка на нова опрема со цел да се задоволат барањата на стандардите за испитување, како и обука и едукација на кадар. На овој начин се обезбедија соодветни лабораториски услови за работа и се формира стручен тим со високо познавање на системот кој се имплементира и технички обучен за беспрекорно спроведување на постапките според стандардите за испитување.
Сето тоа и овозможува на Централна лабораторија Адинг да нуди квалитетни и навремени услуги.