Image12 Фев 2009

Промоции

Од 30.06.2008 поголем дел од производната програма на Адинг, од групата на адитиви за бетонски и малтери се здобија со сертификат за квалитет за ознака .
Со овој документ се потврдува дека овие производи ги задоволуваат критериумите според Европските норми
ЕН 934-2: 2001/ A1:2004/A2:2005.

Ознаката ЦЕ (CE) доаѓа од ‘Conformit Européenne’, на Француски што во превод значи “Европска Потврда”. Со поставувањето на оваа ознака на производот, производителот декларира дека тој продукт ги задоволува основните барања на Европските регулативи за квалитет и прописи за заштита на животната средина. Ознаката овозможува непречен пласман на производот во единствениот пазар на земјите членки на ЕФТА и Европската Унија кој обединува вкупно 30 земји.

Со овој чекор Адинг доби отворени врати за пласман на своите производи на овие пазари. Високите стандарди за квалитет на производите како и сигурноста што им ја даваме на нашите клиенти се потврдуваат со овој сертификат. Во процедура е обезбедување на истиот сертификат за останатиот дел од производната програма.

 Превземи го сертификатот