18 Фев 2009
Прераспределување и промени во деловниот систем
У.О. на Адинг АД, Скопје донесе одлука за прераспределување и промени во деловниот систем и тоа:
Досегашниот Извршен директор на финансово – комерцијалниот сектор, дипл.економ. Николов Драган, е назначен за нов управител-директор на Бизнис Центар Адинг.
Фирмата Инвест А го промени своето седиште и сега се наоѓа на адреса Кузман Шапкарев бр.5, Скопје
Досегашниот управител на Бизнис Центар Адинг дипл.инж.арх. Каратуков Дончо е назначен на позицијата Помошник генерален директор во Деловниот Систем Адинг АД, Скопје со задача за следење, координација и контрола на две фирми-членки на деловниот систем, Бизнис Центар Адинг и Инвест А.