Image9 Окт 2015

Презентација на Адинг во склоп на 16-тиот Меѓународен симпозиум на ДГКМ

Во периодот од 1-3 Октомври 2015, во Охрид се одржа 16-тиот Меѓународен симпозиум на Друштвото на Градежни Конструктори на Македонија (ДГКМ). Притоа презентирани беа над 100 трудови од докторанти и професори, инженери и претставници на проектантски фирми, изведувачи, надзори. На Симпозиумот учество земаа 300 гости од 12 земји во регионот и светот.

Главен фокус на овогодинешниот симпозиумот беа современите методи, техники и материјали за проектирање и изведба на градежните конструкции како предуслов за одржлив развој.

Во контекст на темата за примена на современите материјали и трендови во градежното конструкторство, претставник на АДИНГ – дипл.град. инж. Никола Узунов, одржа презентација на тема “СОВРЕМЕНИ МАТЕРИЈАЛИ ЗА КОНСТРУКТИВНО ВРЗУВАЊЕ /ДЕФИНИРАЊЕ, ТЕСТИРАЊЕ, ПЕРФОРМАНСИ И УСКЛАДЕНОСТ СО ЕВРОПСКИОТ СТАНДАРД EN 1504-4/”. Во излагањето, преку презентирање на практични искуства на примена на материјалите за санации, како и со анализа на Европските нормативи EN 1504 за санација и заштита на армирано бетонските конструкции, даде свој придонес кон приближување на оваа проблематиката на гостите на Симпозиумот.

Електронската верзија на брошурата „АДИНГ СИСТЕМИ И ТЕХНОЛОГИИ ЗА САНАЦИЈА, РЕПАРАЦИЈА И ЗАШТИТА НА АРМИРАНОБЕТОНСКИТЕ КОНСТРУКЦИИ, ВО СОГЛАСНОСТ СО ЕВРОПСКИ СТАНДАРД EN 1504“ може да ја преземете овде.