Презентација: Оптимализација и рационализација при санација на хидротехнички објекти
Во организација на АДИНГ, Градежен факултет-Скопје, Комората на овластени архитекти и овластени инженери и Друштвото за геотехника на Македонија, на 04.12.2012 во просториите на Градежниот факултет, се одржа презентација на темата: Оптимализација и рационализација при санација на хидротехнички објекти со техника на инјектирање и санација на тунели со материјали од програмата на TPH.
Специјален гостин предавач беше господинот Пауло Цингос, менаџер за извоз во TPH Bausysteme, кој ја претстави програмата на TPH – технологиите на инјектирање и санација на хидротехнички објекти и тунели.
Учество во презентацијата земаа и РЕ–КО Инженеринг, кои покрај нашата ќерка фирма Инвест А се единствените обучени и овластени за апликација на материјалите на TPH за територијата на Р.Македонија.
TPH Bausysteme во Македонија е застапена преку нашата ќерка фирма Бизнис Центар АДИНГ која е нејзин овластен дистрибутер.
Поради големиот интерес и големата посетеност на овој настан, АДИНГ најавува нови презентации на слични теми за примена на нови иновативни технологии од својата производна програма и програмата на TPH Bausysteme.
Во прилог фотографии од настанот: