12 Јун 2019
Плакета за Адинг од Македонско-Бугарската стопанска комора
По повод 50 годишниот јубилеј на нашата компанија, Македонско-Бугарската стопанска комора ни додели плакета за особен придонес во развојот на македонско-бугарските односи. Плакетата му беше врачена на нашиот ген.директор и претседател на У.О., Дончев Благоја, во рамките на годишното собрание на Македонско-Бугарската стопанска комора.
Македонско – Бугарската Стопанска Комора е непрофитна стопанска интересна заедница, формирана 2011 година.
Комората брои околу 100 членови, истакнати бизнисмени кои успешно делуваат во различни сектори во двете земји.