Image18 Ное 2009

Одбележан денот на дрвото

Како дел од националната акција “Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ во деловниот систем “Адинг“ денеска беа посадени неколку садници. Во “Адинг“ беа насадени 3 дрвца кои го симболизираат “Адинг“ во Македонија, Бугарија и Иран. Во рамките на фирмите-ќерки “Бизнис Центар Адинг“ и “Инвест А“ беа посадени 2 садници. Дел од вработените поделени во неколку групи земаа и организирано учество во акцијата преку Општина Ѓорче Петров.