МОЛЕКУЛА, симболот на АДИНГ
Со одлука на Управниот одбор на компанијата, утврден e пригоден подарок, награда – признание „МОЛЕКУЛА” симболот на АДИНГ, уникатна рачна изработка. Молекулата е дел од севкупниот имиџ на нашата компанија, со основна дејност производство и продажба на хемиски материјали за градежништвото.
Молекулата ќе се доделува како признание за долгогодишна соработка на институции, компании и поединци, кои придонеле во развојот на компанијата.
Првата молекула со сериски број 001, беше доделена на Градежниот факултет од Скопје, институција со која негуваме традиционално добра соработка и која е од најголемо значење за развојот на градежништвото, градежната индустрија и професионалните кадри од областа, во Р.Македонија.
Генералниот директор и претседател на У.О. г-дин Благоја Дончев дипл.град.инж., лично го врачи признанието на Деканот на Градежниот факултет, проф.д-р Милорад Јовановски, по повод денот на Факултетот 6-ти Октомври.
За дел од атмосферата низ фотографиите