1 Фев 2022
Конкурс за најдобра фотографија од Адинг за 2022 година
Центар за Едукација Адинг (ЦЕА) објавува „Конкурс за најдобра фотографија од АДИНГ 2022“.
Конкурсот е од јавен карактер и на него може да да земат учество вработени, соработници, надворешни лица.
Темата на фотографијата може да биде од специфична или општа природа и треба да ја доловува или пак да е поврзана со суштината на работењето на компанијата.
Наградниот фонд предвидува по една месечна награда, како и годишна награда за прво, второ и трето место.
Испратете на адреса: foto@ading.com.mk
За повеќе информации и насоки кликнете ОВДЕ.