Image26 Ное 2016

Како да се заштитат од влага нови ѕидови од камен и да се санираат старите?

Автор: дипл.град.инж. Иванка Ќупев

За да се обезбеди трајноста, функционалноста, сигурноста и естетскиот изглед на градежните елементи (фасадни ѕидови, греди, столбови, потпорни ѕидови), кои се изложени на атмосферски влијанија (дожд, снег, висока воздушна влага), основно е да бидат заштитени и обезбедени од влага. За таа цел, задолжително е да се изведат со материјали кои ќе обезбедат водонепропустливост, т.е. водоотпорност на површините.

Image
Image
Image
Image

Препорака за заштита од влага на нови фасадни ѕидови, огради, потпорни ѕидови, ѕидани со природен камен

1. Подготовка на смесата за лепење и фугирање на камењата со кои ќе се ѕида ѕидот
За да се добие водонепропустлива смеса за фугирање и лепење на камењата, задолжително се користи адитив за водонепропустливост ХИДРОФОБ-21 од производствената програма на Адинг.
Соодносот на материјалите е даден за подготовка на смесата, што ќе се меша во мешалка, во волуменски сооднос како мерка, користејќи метална кофа од 20 кг.

Image

Потребни материјали за подготовка на смесата, во бела боја
1. Една кофа песок од ситно мелен мермер, гранулација 0,8-1,25 мм или до 2 мм
2. Половина кофа бел цемент;
3. Четвртина кофа вар;
4. Приближна количина на вода 5-6 литри;
5. 200 gr адитив за водонепропустливост ХИДРОФОБ-21 од Адинг
Доколку сакате да постигнете сива боја на смесата, се користи истата количина на материјали со следниов состав: дробен песок, сив цемент, вар, вода и ХИДРОФОБ-21, а со додавање на прашкасти боени пигменти може да се добие и фуга во боја по избор.

Редоследот на подготовка на смесата е следен:
Во мешалката се додава половина од водата што е потребна, потоа се додава песокот, цементот и варта. Во остатокот од водата се става адитивот ХИДРОФОБ-21, се меша и се истура во мешалката. Потоа полека смесата се меша и доколку е потребно да се постигне потребната конзистенција на смесата, дополнително може да се додаде вода.
Со вака подготвената смеса, се почнува со ѕидање и фугирање на ѕидот од камен, на претходно навлажнета површина.
1. Откога ќе се изѕида ѕидот од камен и фугираат фугите, како следна постапка за да се обезбеди и водонепропустливост на самиот камен, со помош на прскалка се нанесува адитивот за водонепропустливост ХИДРОФОБ-21, на целата површина.

Image

По завршување на сите постапки, за да се увериме во водонепропустливоста на смесата што ја имате подготвено со адитивот за водонепропустливост, по два до три дена потребни за сушење на материјалите (во зависност од температурата), извршете пробно прскање со млаз вода со црево или со истурање на вода со шише.
Ќе забележите, на самата површина од ѕидот остануваат капки вода кои стојат и не се впиваат во површината.

Препорака за заштита од влага на стари фасадни ѕидови, огради, потпорни ѕидови, ѕидани со природен камен.

Image
Image
Image
Image

Постапката за подготовка на смесата и фугирањето е иста, редоследот на изведба на работите е следна:
1. Отстранување на постоечката смеса со која е фугиран ѕидот од камен
2. Подготовка на препорачаната водонепропустлива смеса со адитив за водонепропустливост ХИДРОФОБ-21, со ист состав и количина на материјали
3. Фугирање со препорачаната водонепропустлива смеса за фугирање
4. Нанесување на адитивот за водонепропустливост ХИДРОФОБ-21, на целата површина на ѕидот, со помош на распрскување со прскалка, со цел да се обезбеди целосна водонепропустлива површина.

Image