25 Дек 2011
Завршен годишен состанок 2011
На ден 21.12.2011 во просториите на АДИНГ се одржа завршниот годишен состанок за 2011 – та година, каде беа присутни членовите на Управниот и Надзорниот одбор, секторските директори и раководители, управителите на ќерките фирми од Р.Македонија, Р.Србија, Р.Бугарија и Р.Иран. На состанокот беше разгледано работењето на деловниот систем АДИНГ во 2011-та година и беа презентирани плановите за работа за новата 2012-та.