19 Дек 2018
ЗАВРШЕН ГОДИШЕН СОСТАНОК НА ГРУПАЦИЈАТА АДИНГ ЗА 2018-та ГОДИНА
На 15.12.2018 година се одржа редовниот годишен завршен состанок на групацијата Адинг.
Пред членовите на Управниот и Надзорниот одбор, беше детално презентирана работата на службите на АДИНГ, како и останатите членки на групацијата од Македонија, Србија, Бугарија и Казахстан.
Освен ова, извршните директори, директорите на членките на групацијата и раководителите на служби ги претставија своите идни планови и стратегии за 2019-та година.
Свои завршни согледувања, оценка за тековното работење и насоки за делување во 2019-та година даде Претседателот на управниот одбор и генерален директор Благоја Дончев.