Image24 Сеп 2015

Донација на материјали за новото живеалиште на морските лавови и мал фламинго во скопската Зоолошка градина

Нашата соработка со Зоолошката градина од Скопје продолжува понатаму. Пред неколку години помогнавме со материјали задомот на мајмунката Нели, а од сега нашите материјали се состојка и од живеалиштето на двата морски лавови.

"Аби и Кан ги добивме во размена со Зоолошката во Загреб, каде пак отпатуваа два белоглави орла. Со нив кај нас допатува и негувателот што ги чува од раѓање Алан. Тој кога го виде нашето живеалиште, рече: 'Па овде и јас би живеел'. Базенот за морските лавови во Загреб е далеку помал од нашиот, а во него пливаат пет морски лава. Затоа на Аби и на Кан приспособувањето им оди лесно. Имаат повеќе простор само за нив", вели зоо негувателката Марија.

Базенот со вода, како основен дел од живеалиштето е со зафатнина од 450 м3. Од нашата производна програма користени се Адингколор РБ и Растворувач П.

Наскоро се очекува да пристигне и мал фламинго, за чие живеалиште донирано е Репаратур Малтер Ф1, Хидромал, Врска У и Ексмал 4.

Ни претставува огромно задоволство секогаш кога сме во можност да помогнеме и да донираме материјали онаму каде што навистина има потреба. Сигурни сме дека новите жители на Зоолошката градина ќе изнудат безброј насмевки кај најмладите, но и кај повозрасните.