Донација на ЈЗУ Општа Болница – Струмица
Како дел од стратегијата и долгорочната определба за општествено одговорно делување, нашата компанија донираше одела за лекарскиот персонал на ЈЗУ Општа Болница - Струмица. Овие општествено одговорни практики опфаќаат континуирана соработка со јавниот сектор и грижа за унапредување на квалитетот во најразлични сегменти од нашето живеење.
Донацијата во вредност од 228.000 денари ја додели генералниот директор и претседател на У.О. на компанијата Дончев Благоја, а ја прими директорот на болницата, д-р Наќе Гогов, во присуство на началниците на одделенијата во оваа јавна здравствена установа. Со оваа донација Адинг даде свој придонес и поддршка за подобрување на најважниот сегмент во живеењето - подобро здравство во Република Македонија.