ДОНАЦИЈА ПО ПОВОД ЈУБИЛЕЈОТ 20 ГОДИНИ ИНВЕСТ А, 20 ГОДИНИ ПОСВЕТЕНОСТ НА СПЕЦИФИЧНИ ГРАДЕЖНИ ИЗВЕДБИ И РЕШЕНИЈА
Јубилејната 20-та година на нашата ќерка фирма ИНВЕСТ А, беше повод за уште една донација и продолжување на општествено одговорните практики кои ги негува нашата групација.
Во дворот на АКУД Мирче Ацев на приближна површина од 80м2, Инвест А изведе завршна и декоративна обработка на бетонска подлога со нашите производи Адингпокс 1ПВ и Адингколор РФ.
Овој надворешен дел е предвиден да се користи како простор за одржување на проби на друштвото, а се наметна како потреба во ковид периодот кога нивното функционирање беше оневозможено и отежнато.
АКУД Мирче Ацев е наш амбасадор на културата повеќе од 70 години, улога која е значајна за нашата традиција, зачувувањето на нашиот фолклор и неговото претставување пред светот.