ДОНАЦИЈА ОД АДИНГ НА ООУ ЃОРЃИЈА ПУЛЕВСКИ – СКОПЈЕ, ЗА САНАЦИЈА И ЗАШТИТА НА ЅИДНИ ПОВРШИНИ
Како дел од континуираните општествено одговорни активности на АДИНГ и во годината во која одбележуваме 2 јубилеи на нашите ќерки фирми „30 години Бизнис Центар Адинг“ и „20 години Инвест А“, реализиравме уште една донација.
Непосредно пред почетокот на учебната година, во ООУ Ѓорѓија Пулевски во општина Аеродром - Скопје, санирани се ѕидни површини на ходниците од приземјето и I-кат, со приближна површина од 300m2. Истите се наоѓаат во деловите од училишната зграда каде се одржува настава со продолжен престој.
Донацијата е во целост реализирана со примена на материјали од производната програма на АДИНГ, а за изведбата беше задолжена ИНВЕСТ А.
Фотографии од постоечка состојба:
Фотографии од санациони работи:
Фотографии по извршена санација: