Image26 Мај 2015

ДОДЕЛЕНО ПРИЗНАНИЕ И НАГРАДА ЗА НАЈДОБРА ДИПЛОМСКА РАБОТА СО ПРИМЕНА НА АДИНГОВИ МАТЕРИЈАЛИ - 2015

Во духот на соработката и партнерството со Градежниот факултет од Скопје, Адинг традиционално доделува награди на најдобрите студенти кои при изработка на дипломската работа најдобро ја опишале примената на Адинговите материјали.

Годинава, добитник на наградата ваучер во вредност од 9.000 денари е Стојкоска Евгенија со тема: "Конструктивна анализа на клинички блок". Наградата беше врачена за време на церемонијата на овогодинешното доделување на дипломите, а на сите студенти им беа доделени подароци – репрезентативни материјали од Адинг.

Во прилог фотографии од настанот: