Image19 Дек 2017

Годишен завршен состанок на групацијата АДИНГ за 2017 година

На 16.12.2017 година во Скопје беше одржан годишниот завршен состанок на групацијата Адинг, во присуство на членовите на Управниот и Надзорниот одбор, менаџерскиот кадар и управителите на ќерките фирми од Македонија, Србија, Бугарија и Казахстан.

На состанокот беше детално презентирана работата на службите на АДИНГ, потоа работата на останатите членки на Групацијата АДИНГ, како и нивните идни планови и активности.

Завршни согледувања, оценка за работењето во 2017 година и насоки за делување во 2018 година, беа дадени од страна на Претседателот на управниот одбор и генерален директор Благоја Дончев.