17 Дек 2019
Годишен завршен состанок на Групацијата АДИНГ за 2019 година
На 14.12.2019 се одржа годишниот завршен состанок на групацијата Адинг, во присуство на членовите на Управниот и Надзорниот одбор, менаџерскиот кадар и управителите на ќерките фирми од Македонија, Србија, Бугарија и Казахстан.
На работниот состанок беше презентирана работата и резултатите на службите на АДИНГ и останатите членки на групацијата во јубилејната 50-та година од постоењето на нашата компанија, како и нивните планови и стратегии за 2020-та година.
Завршни согледувања, оценка за работењето во 2019 година и насоки за делување во 2020 година, беа дадени од страна на Претседателот на управниот одбор и генерален директор Благоја Дончев.