29 Мај 2023
ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ НА АДИНГ АД, СКОПЈЕ
На 26.Мај, се одржа редовното Годишно собрание на акционери за 2023.
Од страна на Претседателот на управен одбор и генерален директор Петровски Зоран беше презентиранo и разгледанo работењето за 2022. Презентирани беа и првите месеци од актуелното успешно работење за 2023 и претставени плановите и визиите за понатаму.
Согласно дневниот ред, редоследно беа изгласани предлог одлуките и истите се достапни на веб страницата и на линковите дадени подоле.
За усвоените одлуки од Собранието на следниот линк: Собрание на акционери 2023.
За „Годишниот извештај 2022” на следниот линк: Годишен извештај 2022.
Дел од настанот на фотографиите подоле: