Image29 Дек 2021

ГОДИШЕН ЗАВРШЕН СОСТАНОК НА ГРУПАЦИЈАТА АДИНГ за 2021 година

На 29.12.2021 се одржа годишниот завршен состанок на групацијата Адинг преку он-лајн конференциска врска. На состанокот присутни беа членовите на Управниот и Надзорниот одбор, менаџерскиот кадар и управителите на ќерките фирми од Македонија, Србија, Бугарија и Казахстан.

Од страна на извршните директори, управителите и секторските раководители беше презентирано работењето и резултатите за тековната 2021 година на ниво на целата групација. 

Свое кратко завршно обраќање имаше и Претседателот на управниот одбор и генерален директор Зоран Петровски. Во неговото обраќање беа потенцирани извонредните позитивни резултати на целата групација и покрај сите неизвесноти и потреси кои ги доживеа компанијата во 2021 година. Исто така, изразена беше благодарност до службите и вработените за нивната посветеност во работата, нагласувајќи дека влогот во човековиот капитал на компанијата кој ќе продолжи и понатаму, ќе се ефектуира и во иднина. Како што уште рече „Иако претстои тешко предвидлива година, со неизвесноти и постојани поскапувања на репро материјалите и енергенсите, оптимизмот за 2022-та останува. Истиот доаѓа од цврстата позиција на домашниот пазар, распространетоста на пазарите во регионот и пошироко, адаптибилноста на компанијата, но и развојот на нови производи и технологии.“