30 Дек 2020
Подоле фотографија од состанокот во поразличен формат од претходните години.
ГОДИШЕН ЗАВРШЕН СОСТАНОК НА ГРУПАЦИЈАТА АДИНГ за 2020 година
На 29.12.2020 се одржа годишниот завршен состанок на групацијата Адинг, со присуство на членовите на Управниот и Надзорниот одбор, менаџерскиот кадар и управителите на ќерките фирми од Македонија, Србија, Бугарија и Казахстан.
На состанокот е презентиранa и разгледанa работата и резултатите за тековната 2020 година на службите во АДИНГ, како и на останатите членки на групацијата од земјата и странство, а беа претставени и плановите за 2021 година.
Завршни согледувања, оценка за работењето во 2020-та година и очекувања за предизвиците со кои ќе се соочиме во следната година, беа дадени од страна на Претседателот на управниот одбор и генерален директор Благоја Дончев.
Подоле фотографија од состанокот во поразличен формат од претходните години.