16 Дек 2024
ГОДИШЕН ЗАВРШЕН СОСТАНОК НА ГРУПАЦИЈАТА АДИНГ ЗА 2024 ГОДИНА
На 14.12.2024. во Скопје, се одржа Годишниот завршен состанок на групацијата АДИНГ за 2024 година.
Во присуство на Управниот и Надзорниот одбор на компанијата и менаџерскиот кадар од Македонија, Србија и Бугарија, презентерите ги информираа присутните за тековните активности, остварувањата и искуствата во 2024. На состанокот беа претставени и плановите и активностите за идната 2025 година.
Кратко завршно обраќање имаше и Претседателот на управниот одбор и генерален директор Зоран Петровски, кој ги презентираше позитивните резултати на ниво на групација за 2024. и визијата и насоките за 2025 година.