Адинг на Саемот за градежништво 2012, Скопје
Заедно со уште над 300 компании од градежниот сектор, Групацијата Адинг зеде учество на 9. Меѓународен саем за градежништво. Саемот беше отворен од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски кој на кратко го посети нашиот штанд и се информираше за моменталната состојба на компанијата.
Во склоп на саемот штандот на Адинг и ќерките фирми го посетија голем број заинтересирани посетители кои веќе ги познаваат нашите производи, но и потенцијални идни клиенти кои би сакале да соработуваат со нашата компанија.
Покрај постоечката производна програма беа претставени и 3 нови производи на Адинг: Хидрокол Флекс – лепило за плочки и хидроизолација и Хидрофоб – 21 и Реоадинг -21, нова генерација на адитиви за бетон со екстремни перформанси.
Штандот традиционално го посетија и студентите од Градежниот факултет во Скопје, а повеќе околу посетата може да погледнете овде
Кратко видео од саемот со изјавата на нашиот водечки менаџер за примена и пласман може да погледнете на следниот линк
Во прилог и мала галерија со атмосферата од саемот: