26 Апр 2016
Адинг на Meѓународниот саем за градежништво во Белград (SEEBBE 2016)
Во периодот од 19 до 23 април се одржа 42-от Меѓународен саем за градежништво во Белград, Р.Србија (SEEBBE), како една од најзначајните манифестации од областа на градежништвото за регионот на Југоисточна Европа со повеќе од 500 изложувачи.
И годинава, бевме присутни на саемот со нашата ќерка фирма АДИНГ Белград. Во склоп на нашиот штанд беше претставена комплетната Адингова производна програма, а инженерскиот тим со своите совети и искуства беше на располагање за консултации со посетителите.