16 Апр 2014
Адинг на Meѓународниот саем за градежништво во Белград (SEEBBE 2014)
Во периодот од 8 до 12 април се одржа 40-от Меѓународен саем за градежништво во Белград, Р.Србија (SEEBBE), како една од најзначајните и најголеми манифестации од областа на градежништвото за регионот на Југоисточна Европа.
Меѓу повеќе од 500 излагачи од 22 земји, и годинава АДИНГ АД Скопје беше присутен на саемот преку својата ќерка фирма АДИНГ Белград.
На штандот во хала бр.3 беше претставена комплетната Адингова производна програма, а инженерскиот тим со своите совети и искуства беше на располагање на посетителите и заинтересираните лица.