Image2 Окт 2012

Адинг на 34-тиот „Саем за градежништво“ на Јадранскиот саем во Будва

Во периодот од 26-30 септември 2012, Адинг заедно со нашите претставници за Црна Гора “Ѓуришиќ и Кум”, зеде учество на 34-тиот „Саем за градежништво“ во склоп на Јадранскиот саем во Будва, Црна Гора.

Оваа значајна саемска манифестација и оваа година ја одбележаа голем број излагачи и учесници од земјата и странство. Беа присутни преку 100 претставници од 20 земји. Адинг ја претстави својата производна програма и понуда пред сите заинтересирани посетители.


Во прилог неколку фотографии од настанот: