Image6 Дек 2021

АДИНГ НА 15. МЕЃУНАРОДНА НАУЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА “ИНДИС” 2021

Од 24 до 26 Ноември 2021 г., се одржа 15. Меѓународна научна конференција ИНДИС 2021, во организација на Градежно-Техничкиот факултет во Нови Сад. На конференцијата се објавени над 160 трудови, од кои дел беа презентирани во живо и дел on-line.

 АДИНГ БЕЛГРАД, нашата афилијација во Р.Србија е традиционален поддржувач на овој настан и во рамките на симпозиумот АДИНГ имаше 2 комерцијални презентации на тема:

-   „АДИНГ - АДИТИВИ И ТЕХНОЛОГИЈА НА SCC БЕТОН, РЕТРОСПЕКТИВА НА РЕФЕРЕНТНИ ОБЈЕКТИ” (инж. Узунов Никола)

-  „ВЛИЈАНИЕТО НА ЛЕТАЧКАТА ПЕПЕЛ НА КЛУЧНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА САМОВГРАДЛИВИОТ БЕТОН“ (инж. Стоиловски Ивица)

 Презентацијата “АДИНГ - АДИТИВИ И ТЕХНОЛОГИЈА НА SCC БЕТОН, РЕТРОСПЕКТИВА НА РЕФЕРЕНТНИ ОБЈЕКТИ” на инж. Узунов Н. (служба „Примена и Продажба”), во фокусот го имаше референтниот објект, мост “Овчар Бања” во Србија, кој е изведен со примена на SCC бетон во 2006 година и е еден од првите вакви примери во регионот.

 

Презентацијата „ВЛИЈАНИЕТО НА ЛЕТАЧКАТА ПЕПЕЛ НА КЛУЧНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ НА САМОВГРАДЛИВИОТ БЕТОН“ е извадок од магистерската работа на инж. Стоиловски И. (служба Институт), а ко-автори на трудот се проф. Д-р. Тони Аранѓеловски од катедрата за бетонски и дрвени конструкции на Градежниот факултет во Скопје и дипл.град.инж. Блаже Дуковски.

Трудот е достапен на следниот линк: https://bit.ly/3EiT9K7