Best Buy Award 2017/18 за Адинг во областа на Хидроизолации
По втор пат, Адинг доби најмногу гласови од учесниците во истражувањето за Best Buy Award Construction 2017/2018 година во Македонија во категоријата “Хидроизолации“ за најдобар однос помеѓу цената и квалитетот.
“Best Buy Award” претставува сертификат, медал и воспоставен истражувачки метод кој на потрошувачите им гарантира дека купуваат производи со највисок квалитет по најдобра цена.
Истражувањето за “Best Buy Award” го изврши швајцарската организација ICERTIAS - International Certification Association GmbH (www.icertias.com), преку веб-анкета во септември 2017 година на репрезентативен примерок од 1200 испитаници, граѓани на Македонија - професионалци и лица кои работат во областа на градежништвото.
Ова истражување го мери искуството, мислењето и перцепцијата на потрошувачите во Македонија кои нудат најдобра вредност за дадените пари, а Адинг се најде на првото место за овој критериум во категоријата “Хидроизолации“.
Нашата производна програма содржи хидроизолации на цементна основа меѓу кои е и нашиот најпродаван производ Хидромал Флекс, и хидроизолации на акрилатна основа.
Дигитилниот сертификат е достапен на овој линк.