Image11 Јун 2009

40-ти Адингов ден и свечено отварање на Деловниот Центар Адинг

Во петокот на 29.05.2009 Адинг одбележа 40 години од своето постоење. Прославата се одржа во кругот на новоотворениот Деловен Центар Адинг, кој токму во оваа прилика, беше и официјално пуштен во функција.

Новоотворениот Деловен центар претставува инвестиција од 1,5 милиони евра. Лоциран е на излезот на Скопје кон Тетово во населбата Ѓорче Петров и се простира на површина од 3000 м².
Во Деловниот центар се наоѓаат компаниите - ќерки на Адинг и тоа: “ Бизнис центар Адинг“, која што е главен продажен центар во Македонија за адинговата производна програма, “ Инвест А“ чија што главна дејност се завршните работи во градежништвото и “ Градител Адинг “ ексклузивен дистрибутер на неколку светски познати производители на градежни машини.

Освен производите и услугите на Адинг, тука може да се најдат и производи на други компании, но сите исклучиво од областа на градежништвото.

Во рамките на прославата, беа доделени јубилејните награди за вработените со наполнет работен стаж од 10, 25 и 30 години.

Листата на вработени на кои беше доделено ова признание:

10 години:
 
1. Антовски Сашо
 
2. Ѓуровиќ Зоран
 
3. Ѓорѓевиќ Драган
 
4. Трпевски Жарко
 
 
 
25 години:
 
1. Алиу Феми
 
2. Велковски Благој
 
3. Гелев Младен
 
4. Гогова Весна
 
5. Живановиќ Јадран
 
6. Каратуков Дончо
 
7. Салих Решат
 
8. Танушевски Мирче
 
9. Топузовски Бошко
 
 
 
30 години:
 
1. Али Ирфан
 
2. Атанасовски Љупчо
 
3. Самарџиска Дарка


Дел од атмосферата низ фотографии тука