16-та ЕВРОПСКА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ЗЕМЈОТРЕСНО ИНЖЕНЕРСТВО
Годинава во периодот од 18 до 21 Јуни, Солун беше град домаќин на 16-тата Европска Конференција за Земјотресно Инженерство.
Адинг беше претставен од еден од нашите водечки менаџери за примена, м-р Бојан Дамчевски, со презентација на тема „Механички карактеристики на полимер цементен малтер со додаток на фибри, употребен за зајакнување на ѕидарија, со примена на методот на префугирање“. Истата е изработена во соработка со Градежниот факултет во Скопје и Институтот за истражување во животна средина, енергетика и градежништво - ИЕГЕ.
Главниот акцент беше ставен на влијанието на високојaкостните малтери од групата R4, употребени во процесот на префугирање кај ѕидаријата, особено на јакостните карактеристики при нормален и дијагонален притисок преку нивни испитувања при изложеност на сеизмички влијанија.
Во експерименталните испитувања користени се Репаратур Малтер Ф4 и Репаратур Пенетрат, материјали од програмата на Адинг.