Image6 Ное 2026

Хидрофоб Кристал додаток за самолекување на бетоните

Доволни се мали дози за добивање на врвен хидрофобен и самолекувачки бетон!

Со дозирање од 1 до 3 kg/m³ (зависно од дебелината на бетонскиот пресек и класата на бетон), Хидрофоб Кристал ја претвора водата од најголем непријател на конструкциите во главен активирачки механизам за нивна долготрајна заштита.

Што преставува ХИДРОФОБ КРИСТАЛ?

Прашкаст адитив кој е сертифициран како адитив за водонепропусност според EN 934-2: T9. и кој се дозира директно во сувата компонента на бетонот пред тој да се замеша, односно на лентата за агрегатот.

Како функционира овој „паметен“ механизам?

Откако ќе стврдне бетонот, неговите активни состојки мируваат во бетонската матрица. При првиот контакт или продор на вода, тие хемиски реагираат со влагата и нуспроизводите од хидратацијата на цементот, формирајќи нерастворливи игличести кристали. Ваквите кристали физички ги затвораат капиларите и микропукнатините во бетонот. Доколку се појават нови пукнатини, адитивот ќе се активира повторно и го има истото дејство.

Кои се главните придобивки и каде се применува?

Автономно „самозалекување“ (Self-healing): Овозможува трајно премостување и затворање на пукнатини во бетонската структура со ширина до 0,5 mm без потреба од надворешна интервенција.

Сигурност кај системи од тип „Бела када“: Идеален за вкопани и подземни објекти каде не е предвидена дополнителна хидроизолација – темели, подземни гаражи, тунели, потпорни ѕидови, базени, шахти, резервоари и пристанишни објекти.

Отпорност во агресивни средини и усогласеност со EN 206: Го спречува продорот на вода и агресивни материи (соли, хлориди и сулфати), ја намалува карбонизацијата и ја зголемува трајноста на бетонот при изложеност на мраз и висока концентрација на CO₂. Со затворањето на порите во бетонот, во одредени случаи директно помага и при задоволување на барањата за специфични класи на изложеност на бетонот согласно стандардот EN 206 (како на пример класите XC1 – XC4).

Како овие карактеристики се потврдени во лабораторија?

Ефикасноста на Хидрофоб Кристал при различни дозирања е детално испитана и потврдена во рамките на научниот труд на тимот од АДИНГ со наслов „Истражување на процесот на затворање на пукнатини и намалување на водопропусливоста кај самолекувачките бетони со кристализирачки адитиви“. Сеопфатните испитувања според европските стандарди ги покажаа следните резултати:

- Капиларна апсорпција на вода (според EN 480-5 и EN 934-2): Адитивот го намалува капиларното впивање за над 50% во однос на контролната мешавина согласно барањата на EN 934-2, додека испитувањата според EN 480-5 покажуваат редукција дури до 31% апсорбирана вода кај примероци кои претходно биле во контакт со вода.

- Отпорност на продор на вода под притисок (според EN 12390-8): Цикличните испитувања под хидростатски притисок од 500 kPa потврдуваат дека водопропусноста на бетонот континуирано се намалува со секој нареден циклус на изложеност на вода, како резултат на прогресивниот раст на кристалите во порите.

- Јакост на притисок (според EN 12390-3) и затворање на пукнатини: Покрај зголемувањето на крајните јакости на притисок за 5% до 7%, тестовите за проток на вода низ пукнатина и визуелниот мониторинг потврдија драстично намалување на протекувањето за само 14 дена и целосно затворање на пукнатината по 28 дена изложеност на вода.

Со минимално дозирање од 1 до 3 kg/m³ бетон, обезбедувате водонепропусна, трајна и активна заштита на вашата конструкција.

Технички проспект за Хидрофоб Кристал

Погледнете го видеото за начинот на делување и примена

Прочитајте го целосниот научен труд