
Одбележани 37 години од големата фабричка несреќа во АДИНГ
Во спомен на загинатите во големата фабричка несреќа во Адинг, денес на 13.05. беше положено свежо цвеќе на нивното спомен обележје и им беше оддадена почит од присутните вработени.
На 12.05.1987 година, во Адинг се случува ненадејна експлозија во која животот го загубија 7-те наши вработени:
Драган Дугалиќ – д.г.и.;
Зоран Тодоров – техничар;
Љупчо Зилковски – техничар;
Халим Рамадан – процесен работник;
Нехат Муртези – процесен работник;
Сали Шаќири – виљушкарист;
Слободан Петровски – виљушкарист.
Слава им!