Image12 Мар 2013

Посета на саемот БАУ \'13 во Минхен, Германија

Со цел следење на светските трендови од областа на градежништвото, традиционално, тим инженери од Адинг го посети саемот за архитектура, градежни материјали и системи BAU 2013, кој се одржа од 14 -19 јануари, во Минхен, Германија.

На саемот годинава беа присутни 2.060 изложувачи од 41 земја – водечки европски градежни брендови како и нови компании кои полека си зацртуваат свое место во европската и светска градежна мапа.

Нашиот тим имаше можност да се запознае со новитетите од областа на хемиските производи за градежништво, фасадни системи, префабрикувани елементи, кровни системи, завршни подни системи, материјали за заштита од пожар, звук, топли и ладни температури и сл. Кај поголем дел од компаниите кои изложуваа на саемот, фокусот беше ставен на зголемување на енергетската ефикасност на објектите и намалување на CO2 емисиите преку паметни решенија во градежништвото.
Посетеноста го надмина рекордот од 2011 година и оствари посетеност од 235.000 посетители, од кои 60.000 странци, меѓу кои и познати светски архитекти со своите проектантски тимови.

Дел од новитетите ќе бидат имплементирани и во Адинговата производна програма.