Работна посета на соседна Р. Албанија
Во периодот од 7 - 9 Мај 2009 дел од инженерски тим на нашата компанија од секторот за Техничка примена и пласман со институт, беше во работна посета на соседна Р.Албанија.
Поконкретно, пред присутните претставници од градежните компании и проектантските бироа со седиште во Валона, беше направена комерцијална презентација која се состоеше од три дела:
1. Општа презентација за компанијата – водечки менаџер за примена и пласман, Белев Александар.
2. Презентација на производите од групатахидроизолации– самостоен инженер за примена и пласман, Јовановски Петре.
3. Презентација на референтни објекти каде се применети Адингови материјали – подрачен инженер за примена и пласман, Ицевски Зоран.
По презентацијата, за време на коктелот, се зборуваше за проблемите со кои присутните гости се соочуваат во текот на работењето, нашите досегашни искуства и можностите и плановите за идна соработка.