Презентација на Државниот Универзитет во Тетово
На ден 09.04.2009 беше одржана презентација на производната програма на АДИНГ пред студентите од трета година на Градежниот и Архитектонскиот факултет при универзитетот во Тетово. Средбата беше одржана во соработка со проф. Шинаси Зејнели дипл. град. инг.
Основна тема на презентацијата беа новите технологии за производство и вградување на бетонот – со посебен осврт на користењето на Адитивите за Бетон, како неизоставен дел од новите технологии градба.
Дополнително, презентацијата беше проширена на останатите производи од програмата на АДИНГ – како матерјали за санации, хидроизолации, индустриски и спортски подови, фасадни системи и др.
Во слободниот дел од презентацијата, со младите колеги од Тетовскиот Универзитет беа споделени практични искуства со кои инженерскиот тим на АДИНГ се сретнал во праксата.