Image13 Фев 2014

Презентација - Системи и материјали за обработка на дилатации, санации и инјектирање

Во организација на АДИНГ на 12.02.2014 беше одржана презентација на тема „Системи и материјали за обработка на дилатации, санации и инјектирање, од програмата на TPH GmBh Company, Hamburg”.

Гостин предавач беше господинот Пауло Цингос, менаџер за извоз во TPH Bausysteme, кој ја претстави програмата на TPH со осврт на системите за обработка на дилатации и прекини во бетонирање.

Со кратка демонстрација беше прикажан и начинот и техниката на инјектирање, со помош на РЕ–КО Инженеринг, кои покрај нашата ќерка фирма Инвест А се единствените обучени и овластени за апликација на материјалите на TPH за територијата на Р.Македонија.

TPH во Македонија е застапена преку нашата ќерка фирма Бизнис Центар АДИНГ која е единствен овластен дистрибутер.

Поради големиот интерес и големата посетеност на овој настан, АДИНГ најавува нови презентации на слични теми за примена на нови иновативни технологии од својата производна програма и програмата на TPH Bausysteme.


Во прилог фотографии од настанот: