КОМЕМОРАТИВНА СЕДНИЦА – Димитар Мирчевски „1937 – 2023”
На 04.12.2023 во просториите на АДИНГ, беше одржана комеморативна седница во спомен на дипл.град.инж. Димитар Мирчевски еден од четирите водечки луѓе во првите години од постоењето на АДИНГ. Присутни беа членови на фамилијата, сегашни и поранешни вработени во Адинг.
Станува збор за исклучителен професионалец и човек кој целата своја енергија ја вградил во компанијата и го пренел своето знаење на генерациите кои следеле по него.
Димитар Мирчевски заедно со Борис Несторов, Дино Динев, Добри Тасевски се првите луѓе кои ја развиваат и ја градат идејата и концептот за компанијата кој продолжил до денешен ден.
Една од неговите препознатливи филозофии за која смета дека успешно е пренесена на идните генерации во Адинг, е дека „Никој во АДИНГ никогаш не рекол – тоа не може“.
Слава му и му благодариме!