Image30 Мар 2015

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Со длабоко жалење ги известуваме сите вработени и деловни партнери на Деловниот систем АДИНГ, дека на ден 29.03.2015 година почина дипл.правник Весна Гогова, Правен советник и Заменик претседател и независен член на Надзорниот одбор на компанијата.

Управниот и Надзорниот одбор на компанијата заедно со вработените во Деловниот Систем АДИНГ ќе одржат комеморативна седница во нејзина чест и во присуство на нејзиното потесно семејство, со почеток во 11:00 часот во ресторанот на фабриката.
 
Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта Бутел во понеделник 30.03.2015 од 13:15 до 14:15 часот.
 
Вечна ѝ слава и нека почива во мир и спокој.