Image12 Мар 2013

Групација Адинг на Саемот на градежништво во Скопје, 2013

Заедно со уште над 300 компании од градежниот сектор, Групацијата Адинг зеде учество на 10-тиот Меѓународен саем за градежништво, градежни материјали и градежна механизација 2013.

Саемот беше отворен од министерот за финансии, Зоран Ставревски, кој го посети нашиот штанд и се информираше за работењето на Адинг во изминативе години особено за нашите инвестиции во странство.
Како и секоја година, така и оваа, не’ посетија групи на студенти од Градежниот факултет во Скопје, кои се запознаа со нашата производна програма и комплетниот профил на компанијата (https://ading.com.mk/vesti_db.asp?id=111)


Во прилог фотографии од атмосферата на саемот: