Годишното собрание на АДИНГ
На 14 мај 2009 се одржа годишното собрание на АДИНГ. Воедно тоа беше и изборно собрание на кое се избра нов Надзорен одбор, а поради истекот на мандатот на претходниот состав.
Акционерите ги избраа: Мојсовски Благоја, Стојановски Боро, Белев Александар и Ивановска-Вукелиќ Милица - независен член.
Собранието ја усвои годишната сметка и годишниот извештај, донесе одлука за распределба на дивиденда со дивиденден календар и ја одобри работата на Управниот одбор во 2008 година.
Интегралниот текст на годишниот извештај и донесените одлуки може да се видат во секцијата за инвеститори.
Новиот состав на Надзорниот одбор на АДИНГ се конституира на ден 21.05.2009 со избор на Мојсовски Благоја за претседател на НО и Стојановски Боро за заменик претседател.
На истата седница Надзорниот одбор ги реизбра членовите на Управниот одбор со мандат во наредните четири години:
1. Дончев Благоја - претседател на УО и генерален директор
2. Филипоски Петре - заменик претседател и заменик генерален директор
3. Петровски Зоран - член на УО и заменик генерален директор
4. Каратуков Дончо - член на УО и помошник генерален директор овластен за стратешко раководење со поврзаните друштва БЦ АДИНГ и ИНВЕСТ А
5. Каранфилов Љубчо - член на УО и извршен директор за поврзаното друштво ИНВЕСТ А
Дел од атмосферата низфотографии