14 Дек 2015
Годишен завршен состанок на Групација Адинг
Во периодот од 11-ти до 13-ти декември, беше одржан Завршниот годишен состанок на групацијата Адинг за 2015 година, кој годинава беше организиран во Софија, Р. Бугарија.
На состанокот беа присутни членовите на Управниот и Надзорниот одбор, секторските директори, раководителите на служби и дел од вработените, како и управителите на ќерките фирми од Р.Македонија, Р.Србија и Р.Бугарија.
Беше разгледано работењето на сите фирми членки на Групацијата АДИНГ за 2015-та година и беа презентирани плановите за работа за 2016-та година.
По состанокот го посетивме новиот објект во склоп на нашата фабрика во Перник кој официјално од денес (14.12.2015) се пушта во функција.