Image23 Фев 2016

Ве очекуваме на Саем на градежништво 01-05.03.2016, Хала 1

Во периодот од 01.03. до 05.03.2016 година, групацијата Адинг ќе биде присутна на Саемот на градежништво и недвижности во Скопје, во Хала 1.

Нашите инженери ќе бидат постојано на располагање за консултации и совети за примена на Адинговите материјали. Работното време на саемот е од 10 до 19 часот.
 
Ако сте расположени за дружење, Ве очекуваме и на нашата „After Work“ забава во петок, 04.03.2016 во периодот од 16 до 19 часот.