Image21 Мар 2023

ВРАБОТУВАМЕ ВО СЕКТОРИТЕ ПРИМЕНА И ПРОДАЖБА И ИНСТИТУТ - ИСТРАЖУВАЊЕ И РАЗВОЈ

Отворени се конкурси за работни позиции во секторите Примена и Продажба и Институт - Истражување и Развој. Станува збор за атрактивни позиции за кои ангажираме исклучиво инженерски кадри, кои нудат можности и потенцијал за личен и професионален раст.

Подетално за позицијата Градежен инженер во секторот Примена и Продажба:

- Ќе бидете дел од динамичен тим, со главна задача продажба, примена и техничка поддршка за клиентите.
- Ќе бидете дел од систем со 54 годишна традиција, со пристап до огромна база на знаења, технологии и акумулирани искуства.
- Ќе работите на примена на технологии и решенија од групата на Адитиви за бетони и Санации и Заштита на АБ конструкции.
- Ќе имате брз трансфер на знаење од тимот и можност за самостојно делување.
- Чести патувања во странство, посета на обуки и саеми.
- Соработка со најголемите градежни компании кои оперираат во регионот и присуство на сите позначајни инфраструктурни објекти.

 Услови кои треба да ги исполнувате:

- Да имате пасија кон работата,  да сакате да учите и градите знаење.
- Да сте ориентирани кон резултати, одговорни и уредни професионалци.
- Да сте умешни и отворени во комуникацијата и задолжително да знаете англиски јазик (познавање на регионалните јазици го сметаме за предност).
- Возачка Б Категорија е неопходна.
- Со или без претходно работно искуство.

 Подетално за позицијата Инженер Технолог или Хемиски инженер во R&D секторот:

- Работа во компанија со 54 години традиција и пристап до исто толку години акумулиран know-how.
- Фер и одличен млад тим од кој ќе имате брз трансфер на знаење и вовед во проблематиката.
- Широк спектар на работни задачи кои ќе ви овозможат учество во развој на нови производи и технологии во областа.
- Патувања, поддршка за доусовршувања и посета на саеми и обуки.
- Потенцијал да се профилирате како експерт во градежната хемија.

Услови кои треба да ги исполнувате:

- Да сакате иновација, да чуствувате предизвик за истражување и развој на новитети.
- Да сте личност која сака да го усовршува своето знаење.
- Да бидете подготвени за одговорно, темелно и уредно работење.
- Да сте умешни и отворени во комуникацијата и задолжително да знаете англиски јазик (познавање на регионалните јазици го сметаме за предност).
- Да очекувате повремени патувања во странство, сами или во тим.
- Со или без претходно работно искуство.

Ваше CV  со кратко мотивационо писмо испратете ни на: kariera@ading.com.mk, најдоцна до 10.04 (понеделник).
Вработувањата се најпрво на определно време на 6 месеци, со можност за склучување на договор за неопределно време и пред овој рок.

Повеќе за нас на линкот: https://bit.ly/42vmP2Y