„БЕТОН.Ск“ - ЕДУКАТИВНО-СТРУЧЕН НАСТАН ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА БЕТОН
„Не се коцкај со бетон“ е пораката на натпреварот каде пет групи составени од двајца студенти од Градежниот факултет и еден ученик од средното стручно училиште дизајнираа бетон во контролни пробни тела. Јакоста на притисокот на бетонот ќе се испита во „Централна Лабораторија Адинг“ на 26 јули во 5:17 часот со што ќе се одбежи 60. годишнината од земјотресот во Скопје. АДИНГ ги награди сите тимови за нивното учество, додека победниците кои ќе бидат прогласени на 26 јули, ќе добијат дополнителна награда.
Задоволни од учеството и активноста на младите со посебни пораки се обратија и организаторите на настанот.
Според деканот на Градежен факултет, Проф д-р Горан Марковски, со овој настан симболично се одбележува 60 годишнината земјотресот во Скопје, чии катастрофални последици се должат на лошиот квалитет на тогашните градби како и да се зголеми свеста за квалитетно градежништво, што како дејност е од суштествено значење за функционалност и развој на државата.
Претседателот на УО и генерален директор Зоран Петровски пред присутните истакна дека „АДИНГ“ е една од најголемите компании во регионот што произведува хемија за градежништвото под сопствен бренд, а нагласи дека 40% од вработените се високо стручен кадар и се надева дека дел од учесниците на натпреварот ќе бидат дел од нашиот тим во иднина.
Директорката на СГГУГС „Здравко Цветковски“, Атина Томовска изрази задоволство за учеството на учениците во настанот истакнувајќи дека тие во иднина ќе бидат дел од стручниот кадар во компаниите од македонскиот градежен сектор.
Беше навистина задоволство да ги имаме овие млади лица како наши гости.
Подоле фотографии од настанот: